The Best Fluffy Pancakes recipe you will fall in love with. Full of tips and tricks to help you make the best pancakes.

ВО ПОТРАГА ПО ВЕНЕРА(Në kërkim të Venerës/Looking for Venera)

Косово/2021/111’

Сценарио и режија: Норика Сефа (Norika Sefa)

Улоги: Косоваре Красниќи (Kosovare Krasniqi), Розафа Челај (Rozafa Celaj), Тристан Халилај (Tristan Halilaj)


Тивката, молчалива тинејџерка Венера живее во мал град на Косово. Дома, каде три генерации се сместени заедно во мала куќа, таа речиси и нема никаква приватност. Ова е уште едно филмско остварување од младата косовска кинематографија, кое собира награди на филмските фестивали низ светот. 


Фестивали и награди/Festivals and awards

– Hong Kong International Film Festival 2021 – Best actress

– Cinema Jove – Valencia International Film Festival 2021 – Jury Prize

– Rotterdam International Film Festival 2021 – Special Jury Award 


Норика Сефа е косовска филмска режисерка, писателка и монтажерка, која живее во Прага, Чешка. Магистрирала на славната школа ФАМУ Прага. Во нејзините филмови таа често ги спојува фикцијата и документаристиката. Норика е член на Европската филмска академија. Во 2020 го сними „Десде Ариба“, хибриден документарец направен под водство на Вернер Херцог во перуанската џунгла. „Во потрага по Венера“  е нејзин дебитантски игран филм, снимен во копродукција со Македонија.